СЕМИНАРСКА РАБОТА
Предмет: Правна држава и човекови права
Тема: Полицискиот Омбудсман на Северна Ирска и Република Македонија
Вовед
Овој семинарски труд пред себе ја зема задачата да го разгледа примерот на Полицискиот Омбудсман во Северна Ирска како еден модел кој е поставен во функција на поголема и подобра заштита на човековите права. Предизвикот за ваквата тема е најдиректно поврзана со уверувањето во потребата од имплементација на институцијата Полициски Омбудсман во рамките на политичкиот систем во македонското општество со што би се стимулирало одговорното и транспарентно работење на полициските службеници. Поаѓајки од една елементарна рамка, пренесувањето на мноштвото инситуции кои се наследство на демократската традиција во Западните општества секако не се гарант за успешноста и нивото на демократичност на општествата како што е македонското. Неминовно е таквата структура на демократски институции да биде соодветно поткрепена со одредено ниво на свест за нивното значење и улога во поширокиот контекст на општеството. Во тој правец овој семинарски труд ќе се обиде да докаже дека додека институцијата на Полициски Омбудсман во најмала рака ја трасира правната рамка низ која ќе се овозможи заштита на човековите права од можна или сторена повреда од страна на полициските службеници но исто така важно е дека со функционирањето на оваа институција ќе се допринесе кон демократскиот развиток на македонското општество.
Во продолжение на овој текст ќе се обидеме да го претставиме моделот на Полициски Омбудсман кој функционира во Северна Ирска низ правната регулатива која ги дефинира неговите основни структурни позиции. Преку начинот на неговата работа ќе се обидеме да ја увидиме важноста која ја завзема во општествениот живот на Северна Ирска. Потоа ќе се осврнеме на просторот кој постои во рамките на Република Македонија за оваа институција да допринесе за поефикасна заштита на човековите права, анализата ќе се задржи на единственото тело кое е задолжено за заштита на човековите права од страна на органите на државната власт, Народниот правобранител. Во рамите на анализата на ова тело ќе се направи обид да се истакне просторот за имплементација на институцијата Полициски Омбудсман кој би се справувал со прекршоците кои се причинети од страна на полициските службеници врз граѓаните.
Целокупната насоченост на овој труд е секако кон идејата за користење на институции кои се дел од демократскиот арсенал како предуслов за поседување на поефикасна и поодговорна полициска структура во прв ред но и повисока свест за човековите права и култивацијата на демократијата.
Институцијата Омбудсман
Омбудсманот претставува тело кое е назначено од страна на политичката власт и во кое се вградуваат овластувањата за заштита на човековите права на граѓаните од страна на органите на државната управа. Потеклото на овој збор е од старо-норвешко потекло и означувал претставник, за прв пат тој е употребено во Шведска а потоа низ поголемиот дел од Скандинавските и околните земји. Една од навидум симболичните карактеристики на овој збор е неговата полова неутралност, но сепак може да се каже дека овој конститутивен белег е значаен за тело кое е структуирано како заштитник на човековите права.
Подоцна во рамките на современото политичко општество тој ја ужива автономијата од извршната власт во извршувањето на своите должности врз база на претставки, на тој начин Омбудсманот ќе делува во име на граѓанинот на кого му се повредени правата од страна на соодветниот орган. На тој начин, институцијата Полициски Омбудсман за зголемена ефикасност ја стеснува оваа потенцијално голема рамка на сите ограни на државната власт на оние кои се во надлежност на полициската управа. Во примерот на Северна Ирска, потребата за ваква институција е несомнено предвидено со Извештајот на Независната Комисија за спроведување на редот кој ја предлага институцијата Полициски Омбудсман, во неа јасно се истакнува дека со таквиот институционален аранжман ќе се овозможи „одговорност на полицијата пред правото, довербата на јавноста во полициската служба и заштитата на човековите права”[1]. Ваквата формулација која има за цел да го постави легитимитетот на институцијата Полициски Омбудсман можеме со сигурност да ја прошириме во еден погенерален контекст за фундаменталната институција Омбудсман, со таквото правно нормирање ќе се овозможи поголема одговорност на соодветните државни органи и поголема доверба од страна на граѓаните кон државните органи и на тој начин директно би се влијаело кон поголема заштита и промовирање на концептот за човекови права.
Полицискиот Омбудсман во Северна Ирска
Институционално-правна поставеност и одговорности
Институцијата Полицискиот Омбудсман на Северна Ирска (Police Ombudsman for Northern Ireland) е воспостаевена со Законот за полиција од 1998 година во кој се наведуваат нејзините задачи овластувања, задачи и одговорности. Со овој закон се прекинува работата на Независната Комисија за Поплаки врз Полицијата на Северна Ирска (Independent Commission for Police Complaints for Northern Ireland) на чие место се поставува работата на Полцискиот Омбудсман како тело кое ќе ја регулира процедурата за поплаки од полициските службеници.
Неговата работа исто така е регулирана и со Законот за човекови права од 1998, Измените за законот за полиција од 2000 и 2003 година кои ќе ги разгледаме накратко во продолжение, Законот за регулација на истражни овластувања од 2000, Законот за Северна Ирска од 1998, Законот за слободен пристап до информациите од 2000, Законот за заштита на податоците од 1998, Законот за кривична правда и полиција од 2001, Законот за судски постапки за кривични дела од 2002 и Законот за Антитероризам, криминал и безбедност од 2001 година.
Политичката одговорност на Полицискиот Омбудсман е поставена пред Парламентот преку Државниот Секретар. Со неговиот статут тој е независен во поглед на својата истрага врз база на поплаките од страна на извршната власт. Мандатот на Полицискиот Омбудсман е со период од седум години. Во рамките на законската воспоставеност, функцијата на Полицискиот Омбудсман е дефинирана како механизам кој ќе „обезбеди ефикасност, ефективност и независност во системот за претставки кон полицијата“[2].
Во тој поглед, активностите на Полицискиот Омбудсман се сумирани во следниов список[3]:
Со Законот за полиција од 1998 година се конституираше институцијата, но подоцна со измената на тој закон во 2000 и 2003 неговите ингеренции се проширија и правно се консолидираа. Поточно со измените кои се воведоа во 2000 година му се овозможи на Полицискиот Омбудсман да вклучи медијација како механизам за решавање на претставките. Оваа правна можонст стои на разполагање на Полицискиот Омбудсман во моментот кога тој ќе одлучи дека е потребно, по извршената формална истрага, каде извештајот на службеникот не посочува дека е сторено кривичо дело од страна на полицискиот службеник и дека претставката не е сериозна. Доколку се постапи на овој начин, мора да се информираат и полицискиот службеник и лицето кое ја поднело претставката. На тој начин, доколку двете страни се одлучат на процедура на медијаторство, Полицискиот Омбудсман ќе биде вклучен како медијатор. Во случај на решавање на претставка преку моделот на медијаторство, не смеат да се преземаат други постапки за полицискиот службеник кој е вклучен во процесот[4].
Со измените на законот од 2000 година, се предвидува Полицискиот Омбудсман да подготвува статистички информации и други општи информации за потребите на Полицискиот Одбор за да може ова тело да биде во тек со трендовите и шаблоните кај претставките. Началникот на полицијата и Полицискиот Одбор се исто така обврзани да му овозможат било какви информации на Полицискиот Омбудсман кои би можеле да му бидат потребни за вршењето на неговите должности.[5]
Во прилог на измените кои ја зголемуваат надлежноста и на тој начин и важноста на оваа институција, измените во 2000 година предвидоа можност за Полицискиот Омбудсман да го известува Началникот на полицијата и Полицискиот одбор за прашања кои се поврзани со полициската пракса кои ги има воочено Полицискиот Омбудсман во процесот на неговата истрага. Ова право беше продолжено и чекор понапред со измените во 2003 година со што, му се овозможи на Полицискиот омбудсман да спроведува истраги во постоечките практики на полицијата за спроведување на редот и политики на полициската служба кои и се од нејзин интерес, доколку верува дека е во интерес на јавноста да се стори тоа[6].
Поднесување претставки и нивно решавање
Поднесувањето претставки е еден од начините на кон Полицискиот Омбудсман директно влијае кон заштитата на правата на граѓаните во таа смисла, претставките мора да потекнуваат од јавноста и да се однесуваат не некој од припадниците на полициската служба. Услугата за поднесување претстава е бесплатна на тој начин што се универзализира начелото на „секој' да може да поднесе ваков вид на барање без притоа да наиде на социо-економски бариери во остварувањето на правото.
Институцијата има направено аранжмани со што ќе се олесни жалбената постапка на лица со хендикеп[7].
Жалбите може да се поднесуваат директно до Полцискиот Омбудсман или пак доколку се доставени до полициската служба или Државниот секретар тие ќе бидаат соодветно препратени до Полцискиот Омбудсман на разгледување[8].
Времетрањето на постапките е во голема мера условено од тежината на преставката. Во рамките на статуарните овластувања на институцијата Полицискиот Омбудсман на располагање му стојат два вида на разрешување: неформално разрешување и формална истрага.
Неформално разрешување: Во случај Полицискиот Омбудсман да добие жалба, првото мора да се одреди дали е соодветна за неформално разрешување. Доколку се утврди дека постои таква можност таквата претставка се упатува понатаму до соодветниот дисциплински орган да преземе мерка.
Неформалното разрешување не се смета за соодветно доколку обвинителот дава согласност да учествува и претставката не се смета за сериозна[9]. На истата линија, доколку Началникот на полицијата или Полицискиот одбор не успеат да спроведат неформално разрешување на некоја жалбена постапка, или таквото решение се покаже како несоодветно, тие мора да се обратат до Полицискиот Омбудсман и да ја проследат до него оваа постапка. Во случај да не се оствари успех со неформалното разрешување, и доколку претставката се смета за сериозна, Омбудсманот мора да спроведе формална истрага.
Формална истрага: Во случај нефомаралното разрешување да доживее неуспех, следниот инструмент кој му стои на располагање на Полцискиот Омбудсман е тој да назначи соодветен службеник кој ќе биде задолжен за спроведување на формална истрага. Кога службеникот ќе заврши со спроведувањето на истрагата тој е должен да поднесе извештај на Полицискиот Омбудсман. Понатаму, Полицискиот Омбудсман може да ја предаде претставката кон Началникот на полицијата за тој да спроведе истрага со тоа што ќе назначи полициски службеник да таа намена, во целата таа процедура Полицискиот Омбудсман може да ја надгледува работата доколку оцени дека е потребно и е во полза на јавниот интерес. Доколку се одлучи на ваков чекор, мора да го извести Началникот на полицијата за ваквата постапка, исто така Полицискиот Омбудсман може да ги постави условите за водење на формалната истрага.
Кривични и дисциплински постапки
Во претходниот дел ги разгледавме начините по кој постапува Полицискиот Омбудсман кога во рамките на неговите надлежности ќе се наиде на претставка поднесена од страна на граѓанин за сторен прекршок од страна на припадник на полициската служба. Откако Полицискиот Омбудсман ќе ја спроведе истрагата која ќе се посочи како соодветна на случајот, исходот од целокупниот процес се завршува со кривична постапка или пак со одредна дисциплинска мерка. Полицискиот Омбудсман откако ќе го земе во предвид извештајот на службеникот кој бил задолжен за спроведување на формална истрага мора да одлучи дали е извршен кривичен прекршок од страна на службеното лице припадник на полицијата. Доколку истрагата го потврди овој случај, дека е навистина сторено кривично дело, во тој случај Полицискиот Омбудсман треба да испрати копија од извештајот до Јавниот Обвинител и да ги наведе неговите препораки. Потоа Јанвиот Обвинител одредува дали ќе го обвини полицискиот службеник низ истрага.
Доколку во текот на истрагата која ја спроведува службеник на Полицискиот Омбудсман се утврди дека не е сторено кривично дело, во тој случај, потребно е да се разгледа прашањето дали е потребна дисциплинска мерка и доколку е така да се испрати меморандум до соодветниот дисциплински орган во кој ќе се неведе причините и оправданоста за таквата дисциплинска мерка која се препорачува. Полицискиот Одбор е должен да го информира Полицискиот Омбудсман за активностите кои се превземени во поглед на препораките кои му се доставени. Доколку Омбудсманот препорачува му препорачува на Началникот на полицијата дека треба да се покренат дисциплински мерки во некоја истрага и Началникот не е согласен на таков чекор, Омбудсманот ја поседува моќноста да го упати да ја преземе таа мерка[10].
Ефектите од институцијата Полициски Омбудмсан во Северна Ирска
Како што наведовме претходно во рамките на примарните активности на Полицискиот Омбудмсан е да изготвува статистички податоци за неговото работење. Во тој поглед, оваа институција спроведува исто така и истражувања за конкретниот профил кој го ужива во очите на јавноста. За таа цел, секоја година се спроведува анкетата Јавна свест за системот за жалби против полицијата на Северна Ирска. Во таквото истражување кое неодамна беше спроведено, 88% од испитаниците одговориле дека слушнале за постоењето на Полицискиот Омбудсман исто така 83% биле свесни дека оваа институција е целосно независна од полицијата[11].
Вербата која ја има јавноста во оваа институција не е на занемарливо ниво, 86% од вклупниот број испитаници веруваат дека Полицискиот Омбудсман ќе помогне во обидот полицијата на Северна Ирска добро да ја извршува својата работа[12].
Од друга страна пак во поглед на оправданоста на постоењето на институцијата, 13% од испитаниците одговориле дека еднаш или два пати искусиле однесување од страна на полициски службеник кое го сметале за неприфатливо (83% одговориле дека не искусиле такво однесување)[13]. Од оние кои се изјасниле негативно во овој поглед, нивната гласна забелешка е дека полициските службеници се однесувале без почитување или пак нељубезно. Во тој поглед исто така не е мал и бројот на оние лица кој аико искусиле ваков однос сепак не го пријавиле во соодветна институција како што е Полицискиот Омбудсман, најголемиот дел од нив мислат дека ништо нема да биде сторено околу нивната жалба 39% или пак веруваат дека нема да бидат земени во предвид сериозно 21%[14].
Друго истражување кое е редовна практика на Омбудсманот е задоволството од неговите услуги кај лицата кои побарале помош од негова страна. Ваквото истражување е исто така редовна практика во рамките на поставените цели на Полицискиот Омбудсман за воспоставување ефикасна и независна институција за поднесување жалби. Ваквото истражување е со цел да се увиди ефикасноста и ефективноста на институцијата кон лицата кои со обратиле за помош.
Во прoдолжение се некои од сумираните податоци од последниот ваков извештај[15]:
Голем процент (96%) од лицата кои го пополниле прашалникот одговориле дека персоналот на Полицискиот омбудсман биле учтиви исто така над 80% одговориле дека тие биле пријателски настроени, трпеливи, лесни за разбирање и професионални. Сепак, за волја на вистината, постојат и лица кои се назадоволни од начинот на третман од страна на Поливискиот Омбудсман, нивната најчеста забелешка е дека нивната жалба е неправедно определена во прилог на полицискиот службеници, други лица веруваат дека истрагата по основ на жалбата не е доволно длабински спроведена и слични забелешки. Од аспект на старосната граница во поглед на работата на институцијата, жените со 82% се многу позадоволни од неговата работа отколку мажите со 67%, постарите лица се позадоволни отколку помладите.
Високиот процент од задоволството од советите кои се добиени од страна на вработените во оваа институција се гледа и преку одговорот на ова прашањето каде 68% се задоволни додека 12% се незадоволни.
Навременоста е исто така важна карактерна линија која оваа институција мора да ја има во предвид, за таа цел на прашањето колку долго и требаше на институцијата да одговори на вашата жалба, 74% од испитаниците се задоволни од овој временски интервал. Високиот процент го следи и прашањето за навременото известување на Полицискиот Омбдсман за напредувањето на жалбената постапка, 65% од лицата одговориле дека се задоволни.
Од наведените податоци можеме да заклучиме дека оваа институција ужива високо ниво да доверба од страна на оние кои побарале помош од нејзина страна. Исто така, големиот процент на испитаници кои одговориле дека ја познаваат оваа институција и нејзиното независно функционирање од страна на полицијата, ја прави важен инструмент кој поседува високо ниво на автономија во извршувањето на своите предвидени активности. Секако, постои и простор со кој оваа институција може да ја зголеми својата ефикасност а со тоа и да ја подигне свеста кај општествената јавност за учинокот кој го има во заштита на нивните права и слободи.
Но нејзиниот успех, кој е несомнено евидентен, може да се елаборира преку нејзината статутарна поставеност како институција која треба да обезбеди независен систем за поднесување жалби за полициските службеници на Северна Ирска.
Народниот Правобранител во Р. Македонија
Со Член 77 од Уставот на Република Македонија од 1997 година се воспоставува институцијата Народен Правобранител кој ќе „ги штити уставните и законските права на граѓаните кога има се повредени од страна на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања“[16]. Оваа институција својата одговорност ја има пред Собранието на Република Македонија од кого и е назначена. Народниот правобранител како што е наведено во истоимениот член, се избира за време од осум години со право на уште еден избор. Рабодните надлежности се определени со Закон за Народниот Правобранител од 1997 и подоцна изменет во 2003 година. Во Член 2 од овој закон се прецизира работата на оваа институција, „Народниот правобранител е орган на Република Македонија која ги штити уставните и законските права на граѓаните и на сите други лица кои им се повредени со акти, дејства и пропуштање на дејствија од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувата и кои презема дејствија и мерки за заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и јавните установи и служби“[17]. Од Декември 2004 година, функцијата Народен правобранител ја извршува господинот Иџет Мемети. Во рамките на организациската поставеност, Народниот правобранител има 10 свои заменици и шест подрачни единици : во Тетово, Куманово, Кичево, Битола, Штип и Струмица. Ваквата организациска поставенсот е со цел да се постигне поголема ефикасност во извршувањето на активностите кои се во надлежност на оваа институција.
Како што веќе наведовме, Народниот правобранител ги штити правата на граѓаните од страна на ограните на државната управа на начин што доколку дојде до прекшување на правата, граѓанинот поднесува претставка (жалба) врз која институцијата Народен правобранител може да се одлучи: да не покрене постапка, да покрене постапка и да ја запре или прекине постапката[18]. Но во рамките на надлежностите, Народниот правобранител може исто така да покрене постапка и по сопствена иницијатива доколку добие сознанија за некој друг начин се поврдени уставните и законските права на граѓаните или пак се повредени начелата за недискриминација и соодветна правична застепеност на припадниците на заедниците[19]. Народниот правобранител откако ќе констатира повреда на правата тој може да поднесе: препораки, сугестии и барања до надлежните органи за соодветна активност да биде превземена.
Во претходниот дел накратко ја разгледавме институционалната поставеност на Народниот правобранител, тело кое ја извршува функцијата на Омбудсман на територијата на Република Македонија. Како што видовме, во неговите ингеренции спаѓа повредата на правата од сите органи на државната управа и слични организации кои вршат јавни овластувања и во споредба со Полицискиот Омбудсан кој спојата надлежност ја има специфицирано и значително стеснето само на едно тело- полициската служба- во понатамошниот дел ќе се обидеме да ја разгледаме основаноста за имплементација на институцијата Полициски Омбудсман преку извештајот на Народниот правобранител. Претходно, мора јасно да се нагласи дека целокупната статистичка експликација мора да се земе со одредена доза на резерва. Таа резева е пред се заснована на сегашното ниво на свеста за улогата на Народниот правобранител во рамките на македонското општество. Можеби наизглед се бројките мали за да се констатира оправданост на ваква институција но мора да се има во предвид дека свеста кај граѓаните за оваа институција неминовно ќе се зголемува.
Имајќи во предвид дека полициската служба е единствениот орган на држава кој има легитимно право на присилба, станува повеќе од јасно дека таквата можност мора строго да се ограничи единствено за случаевите кои ќе бидат предвидени со закон. Секоја арбитрерност во тој поглед ја поткопува правната држава и целокупниот концепт на заштита на човековите права. Народниот правобранител е еден од клучните независни контролни механизми кои вршат надзор и контрола на примената на полициските овластувања, а неговото законско овластување да може да побара мислење од стручна институција, му овозможува преземање мерки и дејствија пред надлежните државни органи за покренување постапка заради утврдување казнена одговорност и во случај кога внатрешниот контролен механизам на Министерството за внатрешни работи-Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди оценил дека одредено полициско овластување било основано, оправдано и во рамките на законските овластувања[20].
Во тој правец, во извештајот на Народниот правобранител од 2008 година, од вкупно 3701 претставки по кои делуваше оваа институција од областа на заштита на правата при посебни полициски постапувања бројот на претставки изнесува 236 или 7.81%, додека во 2007 година оваа бројка изнесува 193[21]. Од извештајот може да се забелеши дека претставките од областа на полициските постапки се на второ место по бројноста од сите поднесени претставки.
Во 2008 се завршени 199 постапки по поднесени претставки кои исклучиво од оваа природа. Од лицата кои ги поднеле овие претставки 230 се одлучиле да не ја истакнат својата етничка припадност додека само мал дел се решиле да го сторат тоа, присуството на двете поголеми етнички заедници и Македонците и Албанците е приближно рамномерен.
Од вклупно 236 претставки, за 166 се одлучило со решавање за запирање или непокренување на постапка додека во 57 случаи во 2008 година се утврдила повреда на правата на граѓаните. Во вие случаи Народнот правобранител постапил согласно своите надлежности и мислења, 10 од овие случаеви се решени на друг начин, за 24 се дадени мислења, сугестии и препораки и во 23 случаи е постапено по интервенција на Народниот правобранител. Во делот на полициските овластувања како што наведува извештајот од 2008 година, 17,8% од пријавени случаи се за насилство или прекумерена употреба на сила додека 22,8% се за непреземање мерки за заштита на животите и имотот на граѓаните. Иако оваа бројка изгледа мала низ статистичката призма мора да се забележи дека недостигот на релевантни докази (медицинска документација, изјави од сведоци и сл) ја прават оваа да изгледа незначителна. Но мора да се напомене пак дека од друга страна, стравот кај жртвите за евентуален притисок е можеби највлијателната причина за нивното откажување од понатамошна постапка против службениците на полицијата[22]. Самоволието од страна на полициските служби е посочено и од другите преставки во кои биле наведени неосновано или прекумерно ограничување на слободата на движење потоа непреземање мерки за заштита на животот или имотот на граѓаните или пак неосновано привремено одземање предмети, неосновани повикувања на службен разговор и слични дејства кои немаат оправдана рамка на делување на полициските службеници[23]. Од органите кои во најголемиот број од случаевите се уште не постапиле по интервенциите на Народниот правобранител, второстепените комисии на Владата на РМ се на прво место додека Министерството за внатрешни работи се наоѓа на второ место[24].
Со оглед на ваквите податоци прибрани од страна на Народниот правобранител можеме да ја дефинираме оправданоста на Полицискио Омбудсман како правна институција која ќе работи во насока на превенирање на ваквите случаи во праксата на полициската служба.
Заклучок
Од посочените статистички податоци од една страна како и мноштвото примери[25][26] кои ја прикажуваат неможноста ефективно да се контролира и санкционира полициска активност која ги преминува рамките на своето законско делување низ постоечките координати на политичкиот систем. Во тој правец, имплементацијата на институцијата Полициски Омбудсман не само што во прв ред ќе доведе до поголема заштита на човековите права на граѓаните кои се загарантирани со Устав и законите на Р.М туку многу повеќе ќе допринесе за дисциплинирањето, орговорноста и професионалноста на полициските службеници. Исто така не би биле неочекувано да се претпостави дека поставувањето на институција која ќе се осврне на полициската работа ќе биде значаен показател за постоењето на правна држава, дури и во најелементарното поимање како институција која своето делување го темели исклучиво на законските прописи. Како што ја разлгедавме институционалната поставеност на Полицискиот Омбудсман во Северна Ирска и негововот ефикасно делување станува основано да се преземе овој пример кој ќе помогне за моделирање на ваква институција во нашето поднебје и специфики.
Бројките од страна на извештаите на Народниот правобранител не упатуваат на јасни случаи каде полициските службеници често пати истапуваат од границите кои се строго утврдени со законите или пак не постапуваат во рамките на предвидените правила на нивната служба. Со таквото делување или неделување на директен начин ја нарушуваат стабилноста и интегритетот на концептот на човековите права. Останува моето длабоко уверување дека имплементацијата на Полицискиот Омбудсман во рамките на политичкиот систем на Република Македонија ќе биде јасен показател но и практичен механизам за заштита на човековите права но исто така важно ќе биде и политички рефлекс за нивото на демократичност и ефикасна полициска служба.
Користена литература:
Report of the Independent Commission on Policing for Northern Ireland, A New Beginning: Policing in Northern
Ireland, 1999
Закон за полиција на Северна Ирска 1998 година
Закон за полиција на Северна Ирска 2000 година
The Functions of the Office of the Police Ombudsman for Northern Ireland, Fifth Report of Session 2004–05
Public Awareness of the system for complaints against the police in Northern Ireland, 2009.
Complainant Satisfaction Survey 2008/2009
Устав на Република Македонија
Закон за Народен правобранител
Годишен извештај на Народниот правобранител 2008
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104953 (25.02.2009)
Пронајдено телото на исчезнатиот Трајан Беќиров,
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=63271 (27.05.2006)
Gotovi seminarski, maturski, maturalni i diplomski radovi iz raznih oblasti, lektire , puškice, tutorijali, referati. www.MaturskiRadovi.Net je specijalizovan tim za usluge visokokvalitetnog pisanja, istraživanja i obradu teksta za kompletan region Balkana.
Posetite nas na sajtovima ispod:
http://www.facebook.com/DiplomskiRadovi
Takođe, na sajtu pronađite i tutorijale, referate, primere radova, prepričane lektire, vesti, čitaonicu... Na ovom sajtu ste u prilici pronaći preko 10000 radova iz raznih oblasti: ekonomija (menadzment, marketing, finansija, elektronskog poslovanja, internet tehnologija, biznis planovi, makroekonomija, mikroekonomija, preduzetnistvo, upravljanje ljudskim resursima, ...), informatika (internet, informacione tehnologije, softver, hardver, operativni sistemi, baze podataka, programiranje, informacioni sistemi, računarske mreže, ...), biologija i ekologija, filozofija, istorija, geografija, fizika, hemija, književnost, matematika, likovno, psihologija, sociologija, ostali predmeti (politika, saobracaj, mašinstvo, sport, muzika, arhitektura, pravo, ustav, medicina, engleski jezik, ...).
Uspostavljanjem ovog projekta, zadovoljila se i veoma prisutna potreba za specijalizovanim timom, koji će na studente i omladinu pravovremeno i adekvatno delovati u edukativnom i pozitivno usmeravajućem pravcu, ali i predstavljati efikasnu podršku u pisanju sopstvenih radova.
U cilju pružanja što kvalitetnijeg sadržaja radova, okupljen je odabrani tim, sastavljen od iskusnih stručnjaka iz raličitih oblasti, čiji je cilj da autorskim pristupom i prepoznatljivim stilom izrađuju i istražuju najrazličitije oblasti i afirmišu slučajeve iz prakse.
Za sada posedujemo gotove radove iz oblasti prava, ekonomije, ekonomike preduzeća, javnih finansija, spoljnotrgovinskog poslovanja, informatike, programiranja, matematike, fizike, hemije, biologije, ekologije, menadžmenta, astronomije, carine, špedicije, poreskog sistema, javne uprave, računovodstva...., a uskoro ćemo se proširiti i na ostale oblasti. Inače, izrada maturskih, seminarskih, diplomskih radova po želji je naša primarna opcija. Nakon što aplicirate za određeni rad, dobićete odgovor najkasnije za 24h.
[1] Report of the Independent Commission on Policing for Northern Ireland, A New Beginning: Policing in Northern
Ireland, 1999, para 6.42
[2] Член 51 (4) Закон за полиција на Северна Ирска 1998, www.policeombudsman.org
[3] The Functions of the Office of the Police Ombudsman for Northern Ireland, Fifth Report of Session 2004–05, стр. 7
[4] Член 58А , надополнет и со измените од Член 62 од 2000 година, Закон за полиција 1998
[5] Член 64 и Член 66, Закон за полиција 2000 година
[6] Член 60А, измените во Законот за полиција 2003 година.
[7] http://www.policeombudsman.org/publicationsuploads/Info_for_People_with_Disabilities.pdf
[8] Член 52, Закон за Полиција 1998
[9] Член 53 (2), Закон за Полиција 1998
[10] The Functions of the Office of the Police Ombudsman for Northern Ireland, Fifth Report of Session 2004–05, стр. 9
[11] Public Awareness of the system for complaints against the police in Northern Ireland, 2009. стр. 3 www.policeombudsman.org
[12] Ibid стр. 5
[13] Ibid стр. 9
[14] Ibid стр. 11
[15] Complainant Satisfaction Survey 2008/2009, http://www.policeombudsman.org/Publicationsuploads/complainant%20Satisfaction%20finalreport.pdf (14.03.2010)
[16] Член 77, Устав на Република Македонија
[17] Член 2, Закон за Народен правобранител, Службен весник на РМ бр. 60/203, 01.10.2003
[18] Член 19, Закон за Народен правобранител, Службен весник на РМ бр. 60/203, 01.10.2003
[19] Член 21. Закон за Народен правобранител, Службен весник на РМ бр. 60/203, 01.10.2003
[20] Годишен извештај на Народниот правобранител 2008, www.ombudsman.mk, стр. 30
[21] Годишен извештај на Народниот правобранител 2008, www.ombudsman.mk , стр. 14-18
[22] Ibid, стр. 31
[23] Ibid, стр. 32
[24] Ibid, стр. 22
[25] Алфите тепале Роми во Битола, http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104953 (25.02.2009)
[26] Пронајдено телото на исчезнатиот Трајан Беќиров, http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=63271 (27.05.2006)
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!